Вучиќ: На Косово има етничко чистење на Србите, ќе бараме седница на Советот за безбедност на ОН

Од:

Претседателот на Србија Александар Вучиќ во денешното обраќање до јавноста најави дека Србија поради „организираното и подржано етничко чистење на Србите на Косово“ ќе побара итна средба со генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг и ќе побара, првпат, седница на Советот за безбедност на ОН за заштита на Србите на Косово, преку КФОР и демилитаризација на северно Косово.

Вучиќ, осврнувајќи се на вчерашниот разговор со Мирослав Лајчак, кажа дека Србија исполнила се што е побарано од неа за да дојде до дескалација на состојбата на северно Косово и праша „како до ескалција да дојде, кога Приштина не го сака тоа и кога во тек е општ и организиран напад и етничко чистење на Србите на Косово.

-Денес Србија се наоѓа во најтешка состојба, не поради нас, туку поради секојдневните акции на Приштина, што е блаконаклонето гледано од поединци во меѓународната заедница.

Во тек е етничко чистење на Србите на Косово, кое е добро планирано, организирано, и кое е суштински подржано од дел на меѓународната заедница, изјави Вучиќ, наведувајќи детално бројни примери на „апсење, тепање, држење во притвор на угледни Срби.

Како што кажа, во тек се две планирани акции на Косово.

Едната е бесправното заземање на повеќе точки на северно Косово од косовската полиција и претресите на возилата на Итна помош и напад на здравствениот систем и второто е „странската медиумска кампања подржана од владите“ со цел кримилизација на Србите и на СПЦ на Косово.

Вучиќ изјави дека британската пратеничка Алиша Кернс, која рече дека СПЦ учествува во шверцот на оружје, е позната по своите антисрпски активности и дека Србија ќе покрене истрага против неа, „ако владата на Велика Британија не реагира“.

Како што кажа, „Србија е подготвена да ги продолжи разговорите, но дека е јасно дека работите излегле од контрола и дека Србија е втурната во ќош“ поради што ќе побара итен разговор со шефот на НАТО, Јенс Столтенберг, како и дека Србија за првпат поради настаните на Косово ќе побара свикување итна седница на Советот за безбедност на Обединетите нации.

-Немаме право да дозволиме понатамошен погром, прогон и етничко чистење.

На седницата ќе бараме Советот за безбедност врз основа на своите овластувања да преземе итни мерки за заштита на животите на Србите и слободата на Србите на Косово.

Ова конкретно значи дека ќе бараме Советот за безбедност да му нареди на КФОР да ги исполни обврските пропишани со членовите 9 и 15 од Резолуцијата 1244, како и членовите 3 и 4 од Анекс 2 од таа Резолуција, објасни Вучиќ.

Тој посочи дека тоа значи веднаш на терен да се спречи понатамошното дејствување на сите безбедносни и други структури на властите во Приштина кои ги загрозуваат животите, слободата, безбедноста, достоинството и опстанокот на Србите на Косово и да се демилитаризираат сите албански формации во согласност со Резолуцијата 1244 на ОН.

Тој додаде дека набргу ќе донесе одлука за барањето на „Српска листа“ за прогласување на полициските структури на северно Косово за терористички организации.

Би можело да ве интересира

Советот на ЕУ ги укина визите за Србите од Косово

(ВИДЕО) Вучиќ и Шолц потпишаа меморандум: Германскиот кацелар порача дека „Јадар“ е добар за Србија

Катерина Ѓуровски

Шолц итно патува во Србија, ќе потпише договор со Вучиќ тврди Политико

Вучиќ: Купивме пет тони злато

Таравари, Фетаи и Ќоку, првата посета надвор од земјава ја остварија во Косово

Средба Вучиќ-Курти по девет месеци пауза