Вучиќ: Мора да ги чуваме децата

Од:

Треба да продолжиме со регрутирање на нови полицајци за децата да бидат побезбедни, изјави денеска претседателот на Србија, Александар Вучиќ.

„Сега го завршив состанокот. Предадени се над 3.000 оружја. Десетици илјади куршуми од различен калибар. Тоа е добра вест“, изјави тој за ТВ Пинк, мислејќи на мерката на МВР да ги повика сите што поседуваат нелегално оружје да го предадат.

Како што истакна, знаел дека многу луѓе ќе се налутат поради оваа акција, но таа е важна за Србија.

„Обезбедивме големо присуство на полицајци во училиштето, а реакциите се позитивни и од родителите и од наставниците. Наставниците сега ќе имаат поголеми права, децата нема да можат да ги измачуваат, да се однесуваат арогантно и насилнички“, рече Вучиќ и најави итен прием на нови полицајци.

Би можело да ве интересира

Вучиќ на СБ на ОН: Со изборната кампања на Курти во Северна Македонија, тој ја поткопува регионалната стабилност

Вучиќ за коспонзорството на резолуцијата за Сребреница: Тоа е благодарност за она што го направивме за Скопје

Вучиќ: Недозволиво, ќе го гониме напаѓачите на хрватските новинари

(ВИДЕО) Вучиќ: Вчера над Ваљево леташе балон или шпионски дрон, следниот пат ќе го собориме

Вучиќ: „Се поблиску сме до голем светски конфликт“

(ВИДЕО) Вучиќ и Орбан одговараа на ТикТок: Ќебапи или гулаш

Катерина Ѓуровски