Вучиќ: Мојата порака до народот на Косово е дека нема предавање и нема да има

Од:

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ им порача на Србите во Република Косово дека „нема да има предавање“. Пораката до сите останати е да се формира ЗСО, рече Вучиќ. Претседателот Вучиќ во објава на Инстаграм, во која се сумираше претходната недела, им порача на Србите дека нема предавање.

„Нема и нема да има предавање, тоа е одлука на Србија и моја порака до нашиот народ на Косово и Метохија, кој уште еднаш е принуден да ги брани своите огништа на барикадите“, се наведува на Инстаграм профилот на „будуќностсрбијеав“.

Тој посочува дека пораката до сите останати е да се формира ЗСО, да се почитуваат правата и слободите на Србите и Србија и да се однесуваат во согласност со потпишаните договори и меѓународното право, бидејќи, како што вели, само така може да се започне нормализирање на односите.

„Ја продолжуваме борбата со сите легални средства за мир, за подобар живот и иднина на нашите деца. Србија ќе победи“, рече Вучиќ.

Би можело да ве интересира

Вучиќ: Нема да има преодна влада додека сум жив, нема да прифатам уцени

Вучиќ: Целта беше да се изврши Шарена револуција во Србија

Горан Наумовски

Вучиќ во разговор со Трамп Јуниор: Сѐ што се случи во САД, се случува и во Србија

Вучиќ: Сите кои учествуваат во подготовката на државниот удар ќе одговараат според законот

Горан Наумовски

Вучиќ: Нема опција блокадите да завршат до 17 март, ќе се обидеме да го направиме тоа до април

Вучиќ: За жал, не можеме да го исполниме вашето основно барање