Вучиќ – Кечијанг: Србија и Кина вечни пријатели

Од:

Кина очекува и во иднина да ја гледа Србија како независна, самостојна и силна, изјави денеска српскиот претседател Александар Вучиќ по средбата со кинескиот премирер Ли Кечијанг во кинескиот град Тианџин.

Вучиќ изјави дека во разговорите со кинескиот премиер била изразена едногласност и взаемна поддршка за сите политички прашања.

Српскиот претседател истакна дека оваа посета на Народна Република Кина е голема чест за Србија.

– Ние сме вечни пријатели, го покажавме тоа едни кон други во тешки услови и времиња, не само кога е лесно, изјави кинескиот премиер.

Изразувајќи голема благодарност кон Кина, Вучиќ потсети дека дури и во тешките моменти во 1999 година, Кина била со Србија, како и секогаш во модерната историја на земјата.

Би можело да ве интересира

Србија е поразенa од Шпанија со 3:0

Нов земјотрес во Србија

Горан Наумовски

Србија: Курти шири дезинформации

Курти тврди дека Србија провоцира на граница, објави фотографии од движењето на војниците

Силен земјотрес во Србија

Неуспешни преговори за електричните кинески автомобили

Предраг Петровиќ