(ВИДЕО) Вучиќ ја напушти зградата на Претседателството: Нема ништо од тоа!

Од:

Српскиот претседател Александар Вучиќ ја напушти зградата на Претседателството денеска по 16 часот од предната страна на зградата, додека се уште имаше демонстранти.

-Претседателот ја напушти зградата со службено возило.

Во исто време пред зградата кога заминуваше и пред да влезе во возилото се довикуваше со демонстрантите.

-Нема да ви помине, нема ништо од тоа, им кажа тој, а дел од демонстрантите довикуваа „лажеш“.

Голем број од демонстрантите се упатија пред полициска станица во Белград каде бараат ослободување на приведени поради синоќешниот упад во зградата на РТС.

Лидери на Сојузот за Србија соопштија дека тие прифаќаат одговорност. Дел од белградски медиуми јавија дека министерот за внатрешни работи Небојша Стефановиќ се наоѓа во дворот на полициската станица каде се и демонстрантите.

Лидерот на Сојузот за Србија, Драган Ѓилас напиша на Твитер дека се упатил кон полициската станица 29 Ноември за да го уапсат заедно со Обрадовиќ, Лутовац и Зеленовиќ.

– Сите ние кои синоќа бевме во РТС преземаме одговорност што баравме од РТС да почне со вистина да информира, наведе Ѓилас.

фото: Танјуг

Би можело да ве интересира

Вучиќ: Нема да има преодна влада

А1он

Вучиќ: Државата секогаш сака да разговара, а ректорот не – ако не сте работеле, не можете да добиете плата

А1он

(ВИДЕО) Вучиќ се закани со откази и смени: Оди лечи се, му порачаа во Лесковац

Катерина Ѓуровски

Вучиќ: Изложени сме на терор, Шарената револуција се подготвуваше со години

„Извинете браќа Македонци“ – реакции од Србија откако Вучиќ се шеташе меѓу пациентите со изгореници

Катерина Ѓуровски

Вучиќ: Парламентарните избори може да се одржат на 8 јуни

А1он