Вучиќ: Изјавата на Пендаровски е обид да се додвори на Германија

Од:

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјавата на Стево Пендаровски ја нарече „обид за додворување на Германија“ и рече дека ги разбира сите кои постапуваат така, но дека Србија никогаш нема да го признае Косово, пренесе „Б92“.

Тој рече дека Србија не е во лесна позиција и дека Пендаровски само повторил тоа што го изјавил Хајко Мас.

„Мас го кажа тоа, министерот за надворешни работи на Германија има интересни текстови и по други прашања за кои не би коментирал денеска. Србија не е во лесно и едноставно опкружување, со сите се трудиме, дури и со оние кои го признаа Косово. Единствено на инаугурацијата го замолив Пендаровски, сите односи ни се добри, економски, трговски, македонскиот и српскиот народ се исклучително блиски. Го замолив, кога веќе направивте нешто што многу земји поинаку би го толкувале, гледајте да не зборувате на тие теми. Не е ваша работа, а кога веќе зборувате. размислите дека постојат и оние кои мислат поинаку“, рече Вучиќ и нагласи дека „секако“ е направено спротивно од она што сметал дека е постигнато со договор.

„Секако, спротивно од мојата молба и мислев, дека сме се договориле, направија, за да се истакнат во своето додворување на Германците по кој знае кој пат. Германија е доминантна сила. Го разбирам изборот на многумина од регионот некогаш на неумерен начин да им се додворуваат на најмоќните. Јас ги почитувам Германците, но нема да му се додворувам ниту на сопствениот народ, а не на претставниците на другите народи“, рече Вучиќ.

Претходно српскиот министер за одбрана, Александар Вулин, кажа дека Србија ќе одлучи како ќе ги реши проблемите на Косово и Метохија, а Пендаровски ниту некој ќе го праша ниту некој ќе бара негово мислење.

„Претседателот на Северна Македонија може слободно да молчи на јазикот кој никој освен Србија не му го признава, а на останатите јазици може уште погласно да молчи затоа што никој ниту бара мислење од него ниту му го прифаќа мислењето“, рекол Вулин.

Би можело да ве интересира

Уапсена Хрватка која се обидела да упадне во зградата на српското Претседателство

(ВИДЕО) Трагедија во Србија: најмалку осум жртви во пожар во старечки дом

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Родителите бараат итно враќање на децата на училиште, почнаа петиција

Вучиќ формира широко народно движење: Toa e стратешка потреба за иднината, сите се добредојдени

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Уапсен возачот кој со автомобил удри студентка во Белград

Луксузниот хотел во Белград ќе се вика Трамп

Предраг Петровиќ