Вучиќ: Имаше можност за средба со Курти во Париз, но не верувам дека тоа ќе се случи

Од:

Српскиот претседател Александар Вучиќ денеска изјави дека постои можност за средба со премиерот на Косово Албин Курти, но дека не верува дека тоа ќе се случи.

Вучиќ на новинарите во Париз, по средбата со францускиот претседател Емануел Макрон, изјави дека разговарале за Косово, билатералните односи, европската перспектива на Србија, соработката на стопанските комори и дека му предал документи кои ги потврдуваат позициите на Србија, јави Бета.

– Зборував за желбата да се стабилизира ситуацијата, но и за фрустрацијата на нашиот народ затоа што нешто не е исполнето 10 години, рече Вучиќ.

Според него, разговарано било и за враќање на Србите во косовските институции.

Тој додаде дека очекува Макрон да го посети Белград следната година и оти верува дека можат „да потпишат големи работи во Белград кога тој ќе дојде“.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Опозицијата повторно ја блокираше зградата на судот во Нови Сад

Вучиќ: Нема да успеат, Србија нема да застане

Вучевиќ: Опозицијата насилно се обидува да го блокира Собранието, нема да ја спречи Србија

Брнабиќ: Погазувајќи го достоинството на Собранието, се радуваат оние кои не сакаат просперитетна Србија

ВИДЕО: Тепачка во српскиот парламент, се пресметаа пратениците на власта и опозицијата

Македонски автобус заглави во снегот во Србија, се излизга и удри во банкина

Катерина Ѓуровски