Вучиќ и Орбан го означија почетокот на работите на модернизација на пругата Суботица-Сегедин

Од:

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ и премиерот на Унгарија, Виктор Орбан, присуствуваа денеска во Хоргош на церемонија по повод почеток на работите за реконструкција и модернизација на пругата Суботица – Хоргош – граница со Унгарија (Сегедин), јави дописникот на МИА од Белград.

-Пругата од Суботица до Сегедин ќе биде поврзана со брзата пруга од Белград до Будимпешта, најави Вучиќ, изразувајќи уверување дека може да се договори заедничко име за неа, да има српско име и унгарско презиме, или обратно.

Орбан нагласи дека неговата земја сака да ја види Србија како полноправна членка на Европската унија, бидејќи таму и е местото и „шенген -границата“ од Унгарија да се помести кон југ, и српските граѓани без пасоши да влегуваат во Унгарија и понатаму во Европа .

-Србија е порта за Балканот и е подготвена да влезе во ЕУ со години, изјави Орбан.

Вредноста на договорот за реконструкција и модернизација на пругата од Суботица до границата со Унгарија изнесува 10,2 милијарди динари, а завршувањето на работите се очекува кон средината на ноември 2022 година.

Договорот предвидува реконструкција на пругата долга 26,63 километри за брзина до 120 километри на час и нејзина електрификација.

Би можело да ве интересира

Вучиќ: Никој не може да ја запре Србија која создава, гради и сонува

Горан Наумовски

Мали: Вучиќ ја напушти ВМА, тој нема да се предаде

Горан Наумовски

Вучиќ почувствувал болка во градите, која била силна и траела кратко време

Горан Наумовски

Вучиќ поради здравствени причини ја прекина посетата на САД

Вучиќ потврди дека оди на парадата во Москва: Му ветив на Путин

Орбан: Европа ја фаќа психоза, Украина нема шанси против Русија