Српскиот и црногорскиот премиер, Александар Вучиќ и Мило Ѓукановиќ синоќа на средба во Њујорк се согласиле дека мирот и стабилноста во земјите од Западен Балкан се клучен услов за економски, социјален и секој друг вид на општествен напредок, јави Танјуг.
На средбата, која се одржа на маргините на 71. заседание на Генералното собрание на ОН, двајцата премиери оцениле дека односите меѓу Србија и Црна Гора се стабилни, но дека е потребно да се унапреди билатералната економска соработка.
Ставот на Вучиќ и на Ѓукановиќ е дека Србија и Црна Гора ќе продолжат внимателно и одговорно да ги унапредуваат меѓусебните односи во иднина.