Вучиќ: ЕУ да остане на ставот Приштина да ги исполни договорените обврски

Од:

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ ги повика европските институции и земјите-членки на ЕУ да останат на „цврстиот став дека Приштина конечно треба да почне да ги исполнува своите обврски“, што првенствено се однесува на формирањето на Заедницата на српски општини во Косово, пренесе Бета.

Во објава на Инстаграм тој додаде дека со тоа и во пракса ќе покажат „наводна посветеност за продолжување на дијалогот и решавање на сите отворени прашања“.

Во разговорот во Париз со шефот на дипломатијата на ЕУ, Жозеп Борел и специјалниот пратеник на ЕУ за дијалог меѓу Белград и Приштина, Мирослав Лајчак, било оценето дека е неопходно да се намалат тензиите.

„Се договоривме дека е потребно да се смират сите тензии, да се смират тензиите и рационално да се решаваат проблемите, на што Србија секогаш инсистира“, напиша Вучиќ.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Вучиќ: За 10 години направивме колку Тито, Милошевиќ и ДОС заедно

Полицијата уапси маж кој им се закануваше на Вучиќ и на Брнабиќ

Горан Наумовски

Вучиќ со воз кон Сремска Митровица: Очекувам 120 илјади луѓе

(ВИДЕО) Се откачи тркало од автомобилот со кој патуваше Вучиќ

Горан Наумовски

Вучиќ: Во Србија нема да има Шарена револуција

Вучиќ: Ги повикувам Србите од Косово да излезат на избори и да гласаат за Српската листа