Вучиќ до меѓународната заедница: Залудно вршите притисок, нема дијалог без укинување на таксите

Од:

Српскиот претседател Александар Вучиќ од собирот во Нови Сад порача меѓународната заедница да не врши притисок на Србија и дека нема да попушти од ставот дека за продолжување на дијалогот со Приштина прво треба да се укинат таксите.

-Не ја канете Србија, укинете ги таксите и сами ќе дојдеме, порача Вучиќ на собирот во Нови Сад на кој имаше неколку десетина илјади граѓани.

-Пораката и мојот одговор за меѓународната заедница која со денови врши притисок и ќе продолжи следните денови е дека нема да се откажам и да попуштам, нема продолжување на разговорите се додека не се укинат таксите. Никаков притисок нема да ви помине, рече Вучиќ.

Би можело да ве интересира

Вучиќ на СБ на ОН: Со изборната кампања на Курти во Северна Македонија, тој ја поткопува регионалната стабилност

Вучиќ за коспонзорството на резолуцијата за Сребреница: Тоа е благодарност за она што го направивме за Скопје

Вучиќ: Недозволиво, ќе го гониме напаѓачите на хрватските новинари

(ВИДЕО) Вучиќ: Вчера над Ваљево леташе балон или шпионски дрон, следниот пат ќе го собориме

Вучиќ: „Се поблиску сме до голем светски конфликт“

(ВИДЕО) Вучиќ и Орбан одговараа на ТикТок: Ќебапи или гулаш

Катерина Ѓуровски