Вучиќ: Барикадите ќе бидат отстранети кога Приштина ќе ја формира Заедницата на српски општини

Од:

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека на Косово се соочува со голема дрскост која доаѓа од западните сили, бидејќи тие бараат од Србите да ги тргнат барикадите и да се вратат во институциите, наместо прво да се формира Заедницата на српски општини, јави дописникот на МИА од Белград.

-Прво формирајте ја Заедницата на српски општини, а потоа ќе ги отстраниме барикадите, изјави Вучиќ за новинарите во Азербејџан каде имаше средба со претседателот Илхам Алиев.

Според Вучиќ, Приштина не сака ниту да слушне, ниту да слуша, туку само да го понижува Белград.

-Може да се обидете (да не понижите) до одредена граница, понатаму кога немаме каде – како стаорец во ќош ќе се браниме со сите четири нозе, рече Вучиќ.

Тој повтори дека Србите во Косово само сакаат да преживеат и да бидат „свои на своето“. Тој оцени и дека однесувањето на КФОР е многу пофер од однесувањето на повеќето западни влади.

-Тие (Кфор) сериозно и одговорно ја третираат ситуацијата, рече Вучиќ.

Тој побара објаснување од Приштина во врска со апсењето на поранешниот полицаец на косовската полиција Дејан Пантиќ, наведувајќи дека на Белград не му се познати причините за неговото апсење.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Вучиќ на СБ на ОН: Со изборната кампања на Курти во Северна Македонија, тој ја поткопува регионалната стабилност

Вучиќ за коспонзорството на резолуцијата за Сребреница: Тоа е благодарност за она што го направивме за Скопје

Вучиќ: Недозволиво, ќе го гониме напаѓачите на хрватските новинари

(ВИДЕО) Вучиќ: Вчера над Ваљево леташе балон или шпионски дрон, следниот пат ќе го собориме

Вучиќ: „Се поблиску сме до голем светски конфликт“

(ВИДЕО) Вучиќ и Орбан одговараа на ТикТок: Ќебапи или гулаш

Катерина Ѓуровски