Вучиќ бара 10 мерки: Тест за наркотици на секои шест месеци во училиштата, и помалите од 14 години да одговараат

Од:

По масакрот во училиштето во Белград, од ученик кој за два месеци треба да наполни 14 години, претседателот на Србија, Аслександар Вучиќ предложи 10 законски измени со кои во иднина ќе се спречат вакви немили настани.

„Не можеме да ги вратиме децата. Можеме да се обидеме, но никогаш нема да знаеме дали успеавме, барем да спречиме нова национална трагедија. Денеска во нашата земја имаме вкупно 766.000 цевки (огнено оружје). Предлагам да се воведе мораториум за поседување и носење оружје во следните две години, под два да се издаде ревизија на сите издадени дозволи за носење оружје, три да се контролира како лицата кои имаат дозвола држат оружје, да контролираат дали се исполнети условите за држење оружје. Четврто, да се изврши контрола на сите стрелишта.

Петто, кривична одговорност за оние кои даваат пристап до оружје на малолетници. Шесто, ова е мојот предлог Дејан, размислете за тоа во Владата и разговарајте со адвокатите, бидејќи децата се развиваат побрзо, а поради исхраната да размислите за намалување на возраста на која може да се поднесе кривична пријава. Од разговорот со момчето постои можност малото момче да знаело дека не може кривично да одговара. Под седум, санкции за медиуми кои прикажуваат брутално насилство. Осум, воведување на 6-месечни тестови за наркотици во средните училишта. Родителите ќе бидат благодарни. Деветто, да се организираат специјални служби и мобилни тимови за врсничко насилство во центрите за социјална заштита. Под десет, размислуваме за забрана на пристап до страници како што е даркнет кои содржат совети за тоа како да се изврши убиство, да се набави дрога или огнено оружје. Ова е мојот предлог за вас, Влада на Република Србија, имате право да прифатите или одбиете. И да го направевме сето тоа, тешко дека денес ќе го спречевме ова. Ова е толку поинаков и посебен случај“, рече Вучиќ.

Би можело да ве интересира

Боровиќ: Од денеска Коста Кецмановиќ официјално има статус на оштетен на судењето на неговите родители

Проширено обвинението против родителите на Коста Кецмановиќ

Катерина Ѓуровски

Се чувствував отфрлено затоа ги убив сите, сведочи Коста Кецмановиќ

Катерина Ѓуровски

Мајка добила порака „Ќе направам поголем масакр од оној во Рибникар“, веднаш била алармирала белградската полиција

На Владимир Кецмановиќ му е продолжен притворот за уште 60 дена

Обвинет за масакрот во „Рибникар“ призна дека дал лажна изјава во истрагата