Вучевиќ: Се забранува учество на српски државјани во воени конфликти во Украина

Од:

Министерот за одбрана на Србија Милош Вучевиќ одговараше на новинарски прашања и по тој повод се осврна на ситуацијата во Украина и на Косово.

Вучевиќ рече дека на сите граѓани на Србија им е забрането да учествуваат во воени конфликти на територијата на странски држави и дека тоа е казниво.

Зборувајќи за евентуалното членство во НАТО, Вучевиќ изјави дека Србија има официјална политика дека е воено неутрална земја.

Министерот за одбрана на Србија се осврна на хакерските напади на веб-страниците на Министерството за одбрана. Како што истакна, успешно се одбиени нападите кои дошле не само од регионот туку и од Европа.

Вучевиќ рече дека безбедносната состојба и сите ризици за Србија се следат секојдневно, а најголем безбедносен ризик е ситуацијата на Косово.

Министерот, одговарајќи на прашање за новите бази на косовските безбедносни сили, откри дека е „забележано“ дека Приштина гради нова инфраструктура и изјави дека тоа не е добро.

Би можело да ве интересира

Русите со дронови го нападнаа Киев, вкупно 11 лица се повредени, вклучувајќи две деца

Путин: Помирувањето меѓу Русија и Украина е неизбежно, само е прашање на време

Зеленски: Прекин на огнот во војната со Русија е можен во секој момент

„Њујорк тајмс“: Украина ќе добие ракетен систем „Патриот“

Зеленски: Русија бара молк на 9 мај, но ја напаѓа Украина секој ден

Украински дрон собори два руски борбени авиони Су-30

Горан Наумовски