Вучевиќ: Најдобро е Србија да добие нова влада

Од:

Српскиот премиер Милош Вучевиќ денеска изјави дека за Србија е најдобро да има нова влада и дека сите треба да вложат напори за да се постигне договор за нејзино формирање.

Вучевиќ за ТВ Прва истакна дека целосно се согласува со ставот на српскиот претседател Александар Вучиќ дека новата влада треба да се состои од 50 отсто нови луѓе.

„Ако ме прашувате мене, мислам дека е подобро да се избере нова влада и дека сите треба да се потрудиме да постигнеме договор за избор на нова влада. Таа влада не само што треба да има нови луѓе, мора да има нови луѓе и јас апсолутно ја поддржувам изјавата на претседателот на Републиката дека 50 проценти мора да бидат нови луѓе. Таа влада треба да донесе нова енергија, нова сила и оптимизам и да биде подготвена да постигне договори и компромиси со сите што се дел од јавниот живот во Србија, професорите, студентите, опозицијата, невладините организации, црквата“, рече Вучевиќ.

Би можело да ве интересира

Марта Кос: Ги прекинавме сите исплати од Планот за раст за Србија

И четврта жртва од сообраќајката на автопатот Рума – Шабац, почина 25 годишник

А1он

(ВИДЕО) Страшна сообраќајка на автопат во Србија – тројца загинати

А1он

Конаковиќ жестоко ја критикуваше Србија: Криете криминалци, Вучиќ го пречекува осудениот Додик и ѝ се заканува со војската

Земјотрес во Србија

(ВИДЕО) Јованиќ: ВБА бараат мигрант за кој постои сомневање дека го постави експлозивот во близина на гасовод во Кањижа

Горан Наумовски