Втор круг претседателаски избори на Кипар

Од:

На Кипар денеска се одржува вториот круг од претседателските избори, на кој бирачите ќе одлучат дали во наредниот период државата ќе ја води кандидатот на опозициската партија од десниот центар Демократски сојуз Никос Анастасиадес или Ставрос Малас, поранешниот министер за здравство, поддржан од владејачката Прогресивна партија на работниот народ на Кипар, наследничка на Комунистичката партија.

Анастасиадис во првиот круг, пред две недели, освои 45 проценти од гласовите, додека Малас доби 27 проценти.

Кипарските гласачи треба да изберат претседател кој ќе има одговорност да преговара за добивање финансиска помош од тројката меѓународни кредитори ЕУ, ЕЦБ и ММФ за спас на земјата од банкрот и нова должничка криза во еврозоната.

Претседателот на Кипар и лидерот на АКЕЛ Димитрис Христофиас не се кандидираше на овие избори.

Кипар во јуни 2012 година почна преговори со Меѓународниот монетарен фонд, Европската унија и Европската централна банка за добивање финансиска помош, која според првичните оценки изнесува околу 17 милијарди евра.

Во Никозија воочи изборите беше најавено дека Анастасиадес планира, доколку ја освои власта, веднаш да побара краторочен кредит за да бидат избегнати нова должничка криза и банкрот поради тешката финансика криза, предизвикана од загубите во банкарскиот сектор.

Право на глас имаат 545.491 бирачи. За изборите отворени се 1.139 избирачки места, од кои 40 во странство. Гласачките места отворени се во 7 часот утрово, а ќе бидат затворени во 18 часот, со еден час пауза, од 12 до 13 часот.

Се очекува околу 19 часот да биде познат резултатот од изборите и да биде соопштен новиот претседател на Кипар.

Би можело да ве интересира

Пресврт во истрагата за случајот со загинатиот Србин на Кипар

Србин загина на пешачки премин во Кипар, возачот не го видел пешакот

Горан Наумовски

Туристка била силувана од пет мажи во хотел во Кипар

Обезбедување на ноќен клуб уби турист од Велика Британија

Украинка била силувана и брутално убиена на Кипар

Поранешниот шеф на дипломатијата Христодулидис е новиот претседател на Кипар