Втор ден генерален штрајк во Грција

Од:

Во Грција денеска се продолжува генералниот штрајк поради новите мерки за штедење кои вечер треба да бидат изгласани во Парламентот.

Пакетот мерки предвидуваат заштеда од преку 13 милијарди евра до 2016-та година, во најголем дел преку намалување на платите и пензиите и зголемување на данокот.

Дебатата за предлогот на мерки за штедење, која вчеравечер по 11-часовна расправа ги одобри парламентарниот одбор за финансии, се очекува да се изгласаат со тесно мнозинство.

Новите мерки за штедење се неопходни за презадолжената Грција, која е пет години во рецесија, да добие нова транша помош од 31 милијарди евра од меѓународните кредитори, за да избегне банкрот.

Би можело да ве интересира

СИРИЗА: Политиката на соработка со Македонија е замрзната

Италија, Шпанија и Грција со мерки за да го спречат масовниот туризам и бројот на туристите

Предраг Петровиќ

Драма во авионот за Грција: Пијан патник се обидел да упадне во пилотската кабина

Горан Наумовски

Серија земјотреси го погодија Крит

Силен земјотрес ја погоди Грција

Македонски државјанин загина во сообраќајна несреќа во Грција