Врз основа на сукцесија на СФРЈ, Хрватска побарува од Србија 148 милиони долари

Од:

Во моментот на распаѓањето на СФРЈ девизните сметки во мешовитите банки на поранешната држава во странство изнесуваа 645,55 милиони американски долари, што според Договорот за сукцесија требаше да ги поделат државите наследнички на СФР Југосавија, но Србија има потрошено најголем дел од парите, така што Хрватска од неа побарува 148. 5 милиони долари, објави денеска загребачкиот весник „Вечерњи лист“.

Хрватска има докази дека заедничките пари во 1990-тите биле користени за плаќање на странски долгови на српските компании и дека оваа земја конкретно им наложила на банките да не ги користат за други републики.

Весникот наведува дека во моментот на распадот на поранешната држава, на девизната сметка во мешовити банки на СФРЈ имало 645,55 милиони американски долари.

Според весникот, во пресрет на разговорите за поделба, Србија ги известила другите наследници дека на сметката има 56 милиони, одбивајќи да објасни каде се парите.

Бидејќи парите, според Договорот за сукцесија требаше да ги поделат државите наследници, со тоа што на Хрватска да и припаднат 23 проценти, или 148,5 милиони американски долари, таа држава сега во процесот на сукцесија тие пари ги бара од Србија.

„Вечерњи лист“ наведува дека Хрватска, како домаќин на денешната средба на Постојаниот мешовит комитет, надлежен за контролирање на спроведување на сукцесијата, ќе ја постави како посебна точка темата за исчезнатите или незаконски потрошените средства.

Хрватска ќе инсистира на спроведување на Договорот за сукцесија, како и на изнаоѓање решение за компензација, доколку се покаже дека парите всушност се нелегално потрошени.
Весникот смета дека отежнувачка околност е што сите одлуки донесени од комитетот се носат едногласно.

Постојаниот мешовит комитет е основан врз основа на Договорот за прашања од сукцесија, потпишан во Виена на 29 јуни 2001 година, меѓу наследните држави на СФРЈ, а стапи во сила три години подоцна.

Последната средба се одржа пред четири години во Сараево.

Би можело да ве интересира

Снег паѓа во северозападна Хрватска

Пленковиќ: Претседателските избори на 29 декември

А1он

ВИДЕО: Брод удри во гребен кај хрватски остров, мештаните ги спасуваа патниците

Предраг Петровиќ

Полицијата утрово врши претрес во домот на министерот за здравство на Хрватска

А1он

Хрватска набавува борбени дронови на Бајрактар: Вредноста на зделката е 95 милиони евра

Министерот за одбрана на Хрватска потврди: Набавуваме Бајрактар

Предраг Петровиќ