Нивото на водите низ Хрватска благо се зголемува и покрај бранот вода кој пристигна и се уште пристигнува од Словенија.
Сава во некои делови се излеа од коритата, но се чини дека врвот на водениот бран се уште не е поминат. Редовни мерки за заштита од поплави се на сила низ целата држава, а на места се и подготвителни.
Воден бран од Словенија вчера најпрво зафати делови од Меѓумурје и Вараждин.
Кај Брдовац водата стигна до куќите.
Утрово протокот на Сава треба да биде рекорден.