Врховниот суд отфрли жалба на Јанша на извештај за корупција

Од:

Словенечкиот врховен суд отфрли денеска барање на премиерот Јанез Јанша да се спроведе судска забрана на извештајот на Антикорупциската комисија во кој тој и градоначалникот на Љубљана, Зоран Јанковиќ се обвинети за прикривање на нивната имотна состојба.

Антикорупциската комисија соопшти денеска дека добила информација за пресудата на Судот во кој е поддржана претходната одлука на Административниот суд во Цеље кој во февруари донесе одлука дека не постои ниту една причина судски да се забрани извештајот на антикорупциската комисија од јануари.

– Јанша не успеа да укаже на можноста дека комисијата прекршила негови човекови права и дека му е нанесена ненадоместлива штета, соопшти комисијата цитирајќи одлука на Врховниот суд.

Би можело да ве интересира

Сиљановска-Давкова со Клакочар Зупанчич: Словенија ќе остане наш поддржувач на патот кон ЕУ

Косопственикот на Pirate Bay загина во авионска несреќа во Словенија

Мал авион исчезна над Словенија

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Голем пожар избувна во близина на Марибор

Најниска стапка на наталитет во Словенија од самостојноста во 1991 година

Словенија бара на Израел да му се забрани учество на Евросонг