„Време“: Неверојатни сличности помеѓу југословенската и украинската воена криза

Од:

Југословенската воена криза од 1990 и украинската од 2014 година имаат различни причини и динамика, но во сегашната криза големите играчи имаат спротивни ставови, од оние кои што беа застапени во југословенската.

Сепак и во двете кризи се споменуваат слични клучни зборови, стои во белградскиот весник „Време“, во кој се анализираат судирите во Украина.

Во текстот под наслов „Погрон во Одеса“ стои дека исто како во југословенската, така и во украинската криза целта е право на самоопределување или суверенитет.

progonVoOdesa

И во двата судири се вклучени луѓе од страна, односно усташи, четници и иредентисти во југословенските немири, а бандеровци, сепаратисти, руски агенти и терористи во украинските.

Во судириот од 1990 година се бараше да се врати ЈНА во касарните, а во украинските немири се потенцира да се повлече руската војска од границите, за да запре војната против сопствениот народ.

Услов во југословенската криза беше и да се разоружаат четниците, додека во Украина тоа треба да го направи Десниот сектор или сепаратистите.

Немирите од 1990 година и сегашнава криза во Украина ги поврзуваат и бројни референдуми, како и лов на шпиони и диверзанти.

Неверојатна сличност помеѓу југословенската и украинската воена криза е и антентат врз личност, која што се залага за мир помеѓу спротивставените страни. За време на југословенската криза, токму поради таа причина беше убиен Јосип Рајх Кир, а во украинската се изврши атентат на градоначалникот на Хараков, Генадиј Кернес.

И во двата случаи се појавија шпекулации за завери од страна на ЦИА, ФБУ и ГРУ, но видливи прекршувања на Женевските и други договори.

Е. Г.

Би можело да ве интересира

Белоусов: Руските вооружени сили ги „згазија“ најдобрите украински единици

Горан Наумовски

Лавров: Западот почнува да сфаќа дека ќе остане само дел од Украина

Медиуми: Севернокорејски генерал е ранет во неодамнешниот украински ракетен напад

Горан Наумовски

Украина денеска го затвори својот парламент од безбедносни причини

Горан Наумовски

Две лица загинаа во Суми, 12 се повредени

Рускиот амбасадор во Лондон ја обвини Британија за вмешаност во војната во Украина

Горан Наумовски