Време е Мило Ѓукановиќ да слушне „благодарам и збогум“

Од:

 Политико – Брисел

Ете ви прашање за следниот квиз во пивницата: Кој лидер најдолго владеел во Европа?

Рускиот Владимир Путин, Александар Лукашенко пв Белорусија и турскиот Реџеп Тајип Ердоган веројатно ќе бидат предложени за најпопуларни. Но, предначи претседателот на Црна Гора, Мило Ѓукановиќ.

Мило, како што е познат во регионот, веќе 30 години носи одлуки во малата јадранска држава – како претседател, премиер или партиски лидер, благодарение на трансферот на работни места во стилот на Путин. И на 59-годишна возраст, тој може да има уште една деценија или две во залиха и се уште да руши рекорди, поставени од најдолготрајните деспоти на Африка.

Или тоа изгледаше така до неодамна. Денес власта на Ѓукановиќ изгледа значително помалку стабилна.

Околу 100.000 луѓе – но, тоа не е незначителен број, имајќи предвид дека населението на Црна Гора е само 630.000 жители – минатиот викенд го преплави главниот град Подгорица да протестираат против неговата Влада и да побараат негова оставка. За време на турбулентните дебати во Парламентот, имаше и повици до Ѓукановиќ да се повлече.

Проблемот започна кога Мило му се спротивстави на истакнатиот црногорски бизнисмен Душко Кнежевиќ. Во декември, властите го обвинија Кнежевиќ за серија кривични дела и го конфискуваа неговиот имот. Проблемот беше што Кнежевиќ, кој е сопственик на „Атлас Груп“, конгломерат на банкарски, осигурителни и здравствени бизниси, не е само бизнисмен. Во текот на изминатите 25 години, тој беше тесно поврзан со најчувствителните работи на Владата и знае, фигуративно кажано, ако не буквално, тогаш во преодна смисла, „каде што се закопани труповите“.

Кнежевиќ внимателно ја разгледа истрагата и одговори на обвиненијата така што започна кампања против Ѓукановиќ и неговото семејство од Лондон. Во серија постови на социјалните медиуми, тој објавува информации за серија скандали во врска со корупција и лошо работење, што достигнуваат највисоко ниво на владејачката класа на Црна Гора.

Во едно од најтешките откритија, кажува дека висок член на партијата на Мило е снимен со камера при примање илегална парична донација од Кнежевиќ. Бизнисменот, исто така, тврди дека Ѓукановиќ поседува огромна вила во стил на олигархиски кич, во вредност од 10 милиони долари (Ѓукановиќ ги негира обвинувањата на Кнежевиќ).

Серијата непријатни обелоденувања ги поттикнува оние во партијата на Ѓукановиќ, кои веруваат дека промената во раководството е задоцнета, да се приклучат на опозицијата и да го принудат да се пензионира.

Поради сето тоа, квалитетите и достигнувањата на Ѓукановиќ веќе се минато.

Откако првпат се запознав со Ѓукановиќ во средината на 90-тите години на минатиот век, кога бев амбасадор во Белград, се сеќавам дека во Лондон објавив дека е различен од повеќето други поранешни југословенски лидери. Тој беше од поинаква генерација, како што беше и поранешниот српски претседател Слободан Милошевиќ, се разбира. Но, тој, исто така, изгледаше поумерен, поразумен и многу загрижен за ставањето на интересите на Црна Гора на прво место. Тоа беше човек со кого треба да се обидеме да работиме, кажав во Лондон.

Со текот на годините, Ѓукановиќ се чини дека ги реализира овие ветувачки квалитети. На почетокот на војната на Косово, тој се откажа од Милошевиќ и политиката на белградската Влада, и успеа да гарантира дека бомбардирањето на НАТО нема да биде насочено кон Црна Гора. Исто така, тој покажа лична храброст и вистинска политичка способност и потоа, насочувајќи ја својата земја кон независност од Србија, а потоа, во услови на огромно непријателство од страна на Москва, кон членството во НАТО.

Одговорот на Путин беше да испрати офицери од ГРУ во Црна Гора за да се обидат да организираат државен удар против Ѓукановиќ – задача која тие ја исполнија толку ефикасно, како нивниот обид да го убијат Сергеј Скрипал во Солсбери. Ѓукановиќ ја поврза Црна Гора со епохата на поранешниот хрватски претседател Фрањо Туѓман и на Милошевиќ – да не зборуваме за поранешниот британски премиер Џон Мејџор, поранешниот руски претседател Борис Елцин и поранешниот претседател на САД, Бил Клинтон – на комунистичка Југославија, војните во Босна, Хрватска и Косово, и обвиненијата за шверц на цигари и трговија со дрога.

Ерата на балканската политика, во која неговата кариера е фалсификувана, е ера на силни мажи, непроѕирност, владеење надвор од правилата и недостиг на отчетност и одговорност. Но, ако Црна Гора некогаш стане полноправна членка на Европската унија, ќе треба поинаков тип на лидер и различна политичка култура.

Процесот на пристапување кон ЕУ бара земјите кандидати да ги исполнат строгите стандарди на пристојност и владеење на правото, да се придржуваат до регулативите и да се справат со корупцијата. Црна Гора има долг пат да се бори против криминалот и да развие култура на транспарентност и отчетност. И ќе треба лидер кој може да раководи во таа насока, а не тој, чиј сопствен интегритет е доведен во прашање.

Добрата вест е дека Црна Гора веќе има такви лидери: на пример, актуелниот премиер Душко Михајловиќ, има мирно и ефективно присуство на чело на Владата, и неговиот претходник Игор Луксиќ, светла ѕвезда на следната генерација.

Трансформацијата на Северна Македонија, уште една поранешна република во Југославија, во изминатите 18 месеци претставува извонреден пример за тоа како промените во раководството можат да го трансформираат имиџот на земјата и да помогнат во процесот на нејзиното пристапување во ЕУ.

Новиот либерален премиер Зоран Заев брзо пристапи кон подобрување на односите со албанската заедница и стави крај на 25-годишната безизлезност со Грција за името на земјата. На овој начин, ја стави својата земја на патеката на патот кон НАТО и го измазни патот кон членство во ЕУ.

Црна Гора треба да се насочи кон таков успех. Време е да му каже „благодарам и збогум“ на Мило Ѓукановиќ.

Автор: Ајвор Робертс, поранешен британски амбасадор во Југославија, Ирска и Италија и претседател на колеџот „Тринити“ во Оксфорд од 2006 до 2017 година.

Би можело да ве интересира

Во Србија уапсен двојниот убиец од Црна Гора: „Фатен е на спиење“

Катерина Ѓуровски

Двајца бугарски државјани уапсени во Црна Гора за обид за убиство

Горан Наумовски

Објавени се конечните резултати од изборите во Подгорица

Младите Македонци и Црногорци најдоцна се осамостојуваат од своите родители

Горан Наумовски

Со нож нападнал невропсихијатар во Црна Гора затоа што не му издал дозвола за оружје

Силно невреме ја погоди Црна Гора: Поплавен е дел од Јадранската магистрала