Вработените упаднаа во седиштето на грчката државна радио и телевизија ЕРТ во Атина

Од:

Вработени во грчката државна радио и телевизија ЕРТ, која се очекува привремено да биде затворена, упаднаа во седиштето на ЕРТ во Атина.


Во моментов тие оддржуваат собир за ги утврдат натамошните активности, пренесоа руските медиуми.


Претходно денеска грчката влада соопшти дека има намера привремено да го запре емитувањето на ЕРТ, за да ги исполни барањата на меѓународните кредитори за кастрења во државниот сектор.


Вработените во ЕРТ посочија дека нема да дозволат да се запре емитувањето на каналите на телевизијата, информираат руските медиуми.


Повеќето политички партии денеска ја осудија одлуката за затворање на ЕРТ, вклучувајќи и две од партиите од владината коалиција – Социјалистичката ПАСОК и Демократската левица ДИМАР.


Планираното масовно отпуштање на вработените од ЕРТ ПАСОК го оцени како „незграпна, неподготвена и непромислена мерка“.


Опозициската Коалиција на радикалната левица (СИРИЗА) ја покажа својата подготвеност за борба со владата за иднината на ЕРТ заедно со неговите вработени.


Комунистичката партија предупреди дека овој чекор на властите ќе има „сериозни последици за народот“.


Владиниот портпарол Симос Кедикоглу денеска соопшти дека емитувањето на телевизискиот и радио сигнал на ЕРТ ќе запре утре рано изутрина.

Би можело да ве интересира

Маринакис: Логиката на употреба на уставното име формално, но не и во јавни настапи не може да биде прифатена од Грција

Герапетритис: Ќе бидеме строги за верното и доследно спроведување на Договорот од Преспа од Северна Македонија

Маринакис: Очекуваме да го видиме ставот на новата Влада на Северна Македонија

Македонско – грчките односи и понатаму во фокусот на медиумите во Грција

Полицијата упадна на Правниот факултет во Атина, уапси 28 лица

Грција бара Македонија целосно да се усогласи со Преспанскиот договор