Грчкото Министерство за животна средина, енергетика и климатски промени предупредува дека воздухот во земјата е загаден до опасно ниво и штетен по здравјето, препорачувајќи им на луѓето со респираторни и срцеви проблеми да избегнуваат прошетки на отворено.
Министерството објавило резултати од мерењата, кои покажувале дека штетните честички во атмосферата се над дозволените норми.
На крајот на декември грчките власти објавија дека нивото на загадување на воздухот се зголемило три пати поради користењето дрва за затоплување по зголемувањето на цените на нафтата.
Воздухот станал невозможен за дишење во поголемите грчки градови поради користењето на камини, кои неколку седмици пред почетокот на зимата работеа со полна пареа.
Зголемувањето на цените на нафтата за домаќинства го стимулира користењето дрва за огрев и го зголеми тројно атмосферското загадување, како резултат на што концентрацијата на сулфур диоксид и јаглерод диоксид во Атина достигна 150 микрограми на кубен метар, особено во северниот и источниот дел на престолнината, според податоците на Министерството за животна средина.
Максималното дозволено ниво е 50 микрограми на кубен метар.