Окружното обвинителство во Стара Загора побара од судот Дарко Карасичевиќ да остане трајно во притвор, јави дописникот на МИА од Софија.
Српскиот 40-годишниот возач на автобусот е обвинет дека ги прекршил сообраќајните правила и од невнимание нанел умерена телесна повреда на 12 деца и двајца возрасни. Веднаш по несреќата, на обвинетиот возач по наредба на надзорниот обвинител му е одредена мерка притвор до 72 часа.
Окружниот суд во Стара Загора денеска треба да закаже судска седница за разгледување на случајот.
Истрагата за сообраќајната несреќа што се случи на 14 август сè уште е во тек.
Извор: МИА