Воведување „локдаун“ во Словачка е извесно, само е прашање кога

Од:

Воведување рестриктивни мерки во Словачка е извесно, а кога и во кој облик, ќе биде објавено по денешниот состанок со премиерот Игор Матович, изјави министерот за здравство Марек Крајчи.

– Многу сум загрижен поради ситуацијата во болниците, каде примаме се повеќе пациенти, истакна Крајчи.

Тој одби да коментира околу деталите за рестриктивните мерки, односно дали лицата кои се негативни на коронавирус ќе можат да се движат без ограничувања.

Крајчи нагласи дека е можно повторно да се спроведе масовно тестирање на населението и „прави се што е во негова моќ да се пронајдат повеќе места за тестирање“.

– Тестирањето, исто така, е дел од планот за отворање на ски центрите, објасни словачкиот министер.

Би можело да ве интересира

Унгарија и Словачка сугерираат дека се жртви на биотероризмот

Горан Наумовски

Мечка нападна и усмрти маж во Словачка

Експлозија во воениот институт „Захорје“, најмалку двајца се повредени

Горан Наумовски

Фицо: САД не сакаат да се мешаат во работите на другите земји

Шојгу: Протестите во Србија и Словачка се организирани од странство

Словаците протестираат по втор пат за две недели барајќи оставка од премиерот Фицо