Вонредна седница на косовското Собрание поради најавеното поскапување на струјата

Од:

Собранието на Косово в понеделник, на 24 јануари, ќе одржи вонредна седница, на која ќе се расправа за најавите на Владата дека ќе ја поскапи електричната енергија, јави дописникот на МИА од Приштина.

Седницата ќе се одржи на барање на опозицијата, откако шефот на пратеничката група на Демократската партија на Косово, Абељард Тахири соопшти дека се собрани потребните 40 пратенички потписи за нејзино свикување.

Изминатите денови во Собранието се водеше жестока дебата околу намерата на Владата на Албин Курти да ги покачи цените на струјата за домаќинствата и бизнисите, со тоа што тие ќе бидат различни, зависно од нивото на потрошувачката. Според најавите, повисока тарифа ќе плаќаат граѓаните кои што трошат повеќе, при што како граница се споменува потрошувчката од 600 киловат-часови месечно за домаќинство.

Додека Курти се правда дека актуелната енергетска криза е резултат на веројатна корупција при приватизацијата во секторот и на грешките и недомаќинското работење на претходните влади, опозицијата му забележува дека тој требал да ја знае состојбата кога ги привлекуваше гласовите на граѓаните со ветување за поевтинување на струјата.

Меѓу обвинувањата за неспособност да ја води економијата на државата, на Владата на Курти опозицијата ѝ ги споменува увозот на струја по енормно високи цени, субвенциите за енергетскиот оператор и покривањето на долговите за струја, во висина од над 11 милиони евра, за граѓаните од српска националност во северно Косово.

Одржувањето на вонредната пленарна седница за в понеделник во 12 часот го потврди вечерва и собраниската служба за информирање, во чие соопштение се наведувува дека единствена точка на дневен ред на седницата е „Парламентарна дебата во врска со поскапувањето на електричната енергија“.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

ВЛЕН: Македонија и Косово постигнуваат одлично соседско партнерство откако ние сме на власт

Горан Наумовски

ЕУ: Напредокот во нормализирањето на односите со Белград е единствениот начин Приштина да напредува

Таравари: На Косово му е потребно Курти да продолжи уште четири години со владеење

Избори на Косово: Самоопределување има 41,29 проценти од гласовите

Катерина Ѓуровски

Први резултати на ЦИК во Приштина: Самоопределување освои најмногу гласови – 37,18 отсто

Горан Наумовски

Затворени се избирачките места во Косово

Горан Наумовски