Војниците на Беливук на слобода, во судницата почна прослава меѓу обвинетите

Од:

Судскиот совет во постапката против криминалната група Вељко Беливук и Марко Миљковиќ им го укина притворот на неколкумина обвинети, меѓу кои и Борис Карапанџиќ.

Инаку, Карапанџиќ и е познат на пошироката јавност откако заедно со неколку навивачи на Партизан беше уапсен за демолирање на клубот „Комитет“ во салата Бетон. Тогаш навивачите на Партизан упаднале во споменатата кафеана и го искршиле инвентарот.

Карапанџиќ еднаш беше осуден за демолирање на кафулето на поранешниот водач на „Алкатраз“ Александар Вавиќ во Карабурма во 2013 година.

Притворот е укинат и за Милош Лукиќ Селак, Влад Георгиев и Филип Ивановски. На споменатите тројца им било наредено редовно да се јавуваат во полиција.

„Причините за задржување на четворицата во притвор завршија“, рече судијата.

Инаку, по ваквата одлука на судскиот совет, во судницата почна прослава меѓу обвинетите.

Би можело да ве интересира

Обвинителството бара 221 година затвор за дилерите на Беливук

Валканите тактики на кланот на Беливук: Ги откажуваат адвокатите пред сведочењето на единствената преживеана жртва

Беливук: Уште еден член на групата ќе стане обвинет-соработник на обвинителството

Првата жртва на кланот на Беливук беше брутално убиена пред точно 4 години

Ана Ололовска

Куќа на ужасот: Прегледани 1000 морничави слики од куќата на Беливук во Ритопек

А1он

Беливук сонуваше да биде Легија вели човекот кој го уништи Земунскиот клан

Горан Наумовски