Военото атеше на БиХ во Холандија уапсен под сомнение за воени злосторства

Од:

Военото атеше на Босна и Херцеговина во Холандија, полковникот Енес Јахиќ, денеска бил приведен под сомнеж дека е вмешан во воени злосторства врз српски цивили во градот Коњиц во 1992 година. Тој бил приведен денеска при влез во БиХ.

Босанското Јавно обвинителство минатата недела објави обвиненија против десетина Бошњаци, кои се осомничени за злосторства врз етнички Срби во Коњиц за време на војната во БиХ.

Јахиќ се сомничи дека бил еден од командантите на силите што извеле напад врз селото Брадина, а по војната во БиХ, тој напредувал во босанската армија и учествувал и на обука во САД.

Би можело да ве интересира

Холандската полиција уапси повеќе од 500 луѓе за време на протестите на активистите за климата

Сопствениците на кафулиња во Холандија сè уште можат да продаваат нелегално набавен хашиш

(ВИДЕО) Холандската полиција извести: Турист го „уапси“ напаѓачот од Амстердам

(ВИДЕО) Напад во Амстердам, најмалку петмина се повредени

НАТО за ситуацијата во Босна и Херцеговина: Ова не е 1992 година

Голем пожар избувна во центарот на Арнхем, изгореа десетина куќи

Горан Наумовски