Во Кипар денеска започнува годишната меѓународна воена вежба под името „Аргонавт 2017“, која ќе трае до 2 јуни, а во неа ќе учествуваат военовоздухопловни и военоморски сили од 22 европски и други земји.
Кипарскиот министер за одбрана Кристофорос Фокаидес смета дека овие маневри се најголемите кои се одржани на островот.
Вежбите ќе се одржат во четири етапи и ќе бидат изведени во морскиот, воздушниот и копнениот дел на провинцијата Ларнака, како и зоната на летови и во границите на економската зона на Република Кипар.