Воена вежба на Романија, Србија, Бугарија и САД

Од:

Во Бугарија од 5 до 30 јануари се одржува заедничка воена вежба на Бугарија и САД „Платинест лав 2015“, со учество на оружените сили на Србија и Романија, соопшти бугарското Министерство за одбрана.

Вежбата се одржува на полигонот во Ново Село, близу Сливен, во југоисточна Бугарија, пренесува БТА.

Во вежбата учествуваат 250 американски маринци, 140 бугарски војници, 40 припадници на копнената војска на Србија и 25 припадници на романската војска.
Војниците првпат вежбаат во зимски услови, во рамки на програмата на обука на Црноморските ротациски сили.

Цел на вежбата „Платинест лав“ е да се унапредат вештините на војниците за извршување мисии во мултилатерално опкружување, кое е карактеристично за современите судири, како и да се подобри интероперабилноста на силите.

Вежбата се спроведува согласно Планот за заедничка обука и вежби Бугарија – САД за 2015 година.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: СИПА се обиде да го приведе Додик во источно Сараево, се спротивстави полицијата на Српска

Предраг Петровиќ

Земјотрес во Црна Гора: „Добро се тресеше“

Вучиќ и покрај заканите од ЕУ ќе оди во Москва: Не ја менувам одлуката

Изгласана новата Влада на Србија

Вучиќ го објави извештајот на руската ФСБ во кој се тврди дека на протестите во Белград не бил употребен звучен топ.

Предраг Петровиќ

Интерпол го одби барањето на БиХ за распишување меѓународна потерница за Додик