Протестите во Белград и во другите градови ширум Србија, на кои граѓаните изразуваат незадоволство од начинот на кој државата се бори против пандемијата со коронавирусот, продолжуваат и вечерва. Ова е трет ден како демонстрантите го изразуваат своето противење кон владините мерки, но на протестите им се приклучија и голем број граѓани кои се генерално незадоволни од владеењето на Александар Вучиќ и неговата Српска напредна странка.
Beograd upravo
Posted by Blic on Четврток, 09 јули 2020
Собирот започна во 19 часот пред Собранието на Србија, но и во Нови Сад, Крагуевац, Ниш, Суботица, Бор и Валево. Голем број полицајци беа забележани неколку часа пред закажаниот собир. На булеварите има сè поголем број на незадоволни граѓани кои претежно носат транспаренти што повикуваат на ненасилни протести. Се слушаат и спорадични свирежи и извици од дел од групата.
Српскиот претседател Александар Вучиќ вечерва изјави дека никој не може на сила да ја преземе власта во Србија, откако народот на избори кажал каква влада сака.
– Мене никогаш нема да ме уплашат и да ме скршат! И главата на трупец да ми е, нема да ме скршат!, рече Вучиќ и и порача на опозицијата дека можат или да победат на избори или да го убијат. – Јас сум оној кој го избира следниот мандатар. Реално, објективно можат да ме убијат. Но тогаш ќе требаат претседателски избори, бидејќи ќе нема кој да именува мандатар. Не гледам што можат друго да направат, изјави Вучиќ за ТВ Пинк од Париз, пред работната вечера со францускиот претседател Емануал Макрон.