ВИДЕО: Се разгорува насилството во Белград – полицијата употреби солзавец, повреден и Бошко Обрадовиќ

Од:

Нередите во Белград, кои траат втора вечер по ред, ескалираа кога полицијата употреби солзавец и ги одби демонстрантите кон паркот Пионир, во близина на Парламентот, каде се одвива антивладиниот собир. Демонстрантите претходно со камења, шишиња и навивачки факели ги гаѓаа полицајците распоредени да го чуваат законодавниот дом.

Во полицискиот напад со солзавец и палки, по кој беше распоредена и специјалната коњичка единица на српската жандармерија, повреден е и лидерот на опозициската крајнодесничарска партија Двери, Бошко Обрадовиќ.

„Ова беше брутална интеррвенција на жандармеријата, ги тепаа сите без бирање, ги прегазија луѓето. Јас добив удари во рацете и нозете, а ме спасија луѓето кои беа околу мене, кои легнаа врз мене. Немаше никаква причина и мотив за оваа брутална интервенција, само стоевме тука. Луѓето повеќе нема да го трпат ова, стануваат сите градови во Србија, ова е крај за режимот,“ рече Обрадовиќ непосредно по инцидентот.

Репортерите кои известуваат од протестот јавуваат дека во центарот на Белград се распоредени илјадници полицајци, кои во текот на денот пристигале во српската престолнина од целата земја.

Претходно, на протестот во Белград беше нападнат и актерот и опозициски политичар Сергеј Трифуновиќ, кој изјави дека зад нападот стојат припадници на десничарското движење „Левијатан“, кое според него работи за државните служби за безбедност.

Би можело да ве интересира

Започна осмиот по ред протест „Србија против насилството“

ВИДЕО: Српската опозиција призна дека објавувале и лажни фотографии со поголема посетеност

ВИДЕО: Први инциденти на протестот на опозицијата во Белград

Предраг Петровиќ

Продолжуваат протестите во Србија

А1он

Брнабиќ: Државата е силна, институциите работат, насилството нема да победи

Ана Ололовска

Заврши протестот во Нови Сад, во Белград засега мирни демонстрации

А1он