Во Загреб одекна силна експлозија, полицијата предупреди: „Не излегувајте надвор“

Од:

Страшна детонација одекна вечерва околу 17 часот и 30 минути на улицата „Анина“ во загрепско Рудеш.

Причинета е материјална штета и на објектот каде што се случила експлозијата, а полицијата веднаш по пристигнувањето на местото на пријавата го опколила целиот простор, јавува Јутарњи.

Дали се работи за експлозивна направа која ги преплашила минувачите и жителите или се работи за нешто друго, загрепските полицајци интензивно се обидуваат да утврдат. Од силината на детонацијата наводно било оштетено едно возило.

„Беше толку гласно што блесок светлина ја осветли мојата соба. Лежев во темница и гледав телевизија. Слушнав машки глас надвор како нешто вознемирено кажува некому на мобилен телефон, но не можев да разберам што. Многу брзо потоа дојде полиција, па не исклучувам дека можеби тој човек повикал полиција. Прво пристигнала една кола, па повеќе“, изјави за Јутарњи жител на улицата „Анина“.

Граѓаните јавуваат и дека полицијата упаднала во куќата, улицата е блокирана и никого не пуштаат да се доближи.

Полицијата оди од стан во стан, а на сите им е кажано да не излегуваат од дома. Загрепското јавно обвинителство за „Јутарњи лист“ потврди дека добиле пријава за експлозија во дворната зграда на споменатата улица и дека од експлозијата е оштетен еден автомобил. Воедно забележуваат дека нема повредени лица и дека се утврдуваат сите околности на настанот.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Експлозија во Москва, има мртви и ранети

Најмалку две лица загина во сообраќајка во Хрватска

Сообраќајна несреќа во Хрватска, неколку лица загинаа, има и повредени

Несреќа во Солун: Експлодира бомба, настрада 38-годишна жена од Грузија

Експлозија во теретана во Виена, повредени се неколку лица

Горан Наумовски

ВИДЕО: Објавена снимка од самиот почеток на огромна експлозија во иранско пристаниште

Предраг Петровиќ