Во вооружена престрелка во Призрен убиени три лица

Од:

Во воружена престрелка што се случи попладнето во центарот на косовскиот град Призрен, смрттно се застрелани три лица.

Од Регионалната полиција во Призрен  потврдија дека инцидентот се случил на улица во близина на Регионалната болница.

– За мотивите и причините не можеме  да кажеме ништо конкретно, но можеме да потврдиме дека се убиени три лица. Полицијата има двајца осомничени по кои трага, кусо изјави Назир Бериша, полициски портпарол.

Како што пренесува електронското издание  на венискот „Зери“  на местото на настанот биле пронајдени чаури од куршуми од пиштол и автоматска пушка „калашњиков“.

Смртно зстреланите се Ф.Шишко, Х.Тачи и Б.Есој, сите жители на Призрен. Неофицијално се дознава дека станува збор за одмазда.

Би можело да ве интересира

Вучиќ: Во Брисел знаат која страна го кочи напредокот во дијалогот меѓу Белград и Приштина

(ВИДЕО) Шпанците уапсија нарко-бос од Косово, во рацијата уапсени се 10 лица

Горан Наумовски

Србија повторно ќе испрати барање за враќање на 1.000 српски војници и полицајци на Косово

Предраг Петровиќ

Вучиќ утре ќе се изјасни, на маса и опцијата за прогласување окупација на дел од територијата на Србија

Предраг Петровиќ

Четворица млади Срби на рочиште во северниот дел на Косовска Митровица

Специјалното обвинителство во Приштина го објави обвинението против 45 лица за вооружениот конфликт во Бањска