Во верижна сообраќајка кај Крагуевац: Загина возач, осуммина повредени

Од:

Еден човек загина, а осум лица се повредени во судир на три патнички возила и автобус на патот Крагуевац-Баточина. Според РТС, меѓу осумтемина повредени има тројца тинејџери.

Како што рече началникот на Управата за вонредни состојби во Крагуевац, припадниците на Бригадата за противпожарна и спасувачка единица со исклучително брза интервенција извлекле и спасиле лица кои останале заглавени во автомобилите, а од автобусот биле евакуирани повеќе од 20 лица.

Јелена Тијаниќ од Институтот за итната помош во Крагуевац извести дека во болница се пренесени осум лица, пет возрасни и тројца тинејџери. Сите повредени биле во патнички возила. Во извлекувањето на повредените учествувале пет екипи пожарникари-спасувачи, четири екипи на Брза помош и полиција. Станува збор за лица со различен степен на повреди од три автомобили кои учествувале во тешка сообраќајка на државниот пат, при што еден возач починал на местото на несреќата.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Двајца мажи, бебе и девојче загинаа во сообраќајка во Грција

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Трагедија во Турција: Загина четиричлено семејство

„Голф“ излета од автопатот Тетово-Скопје, четворица завршија во болница

Несреќа во близина на Крагуевац, тинејџер паднал во подрум и починал

Шестмина повредени во сообраќајка на патот Гостивар-Кичево

Горан Наумовски

Во сообраќајка загина маж од Скопје