Во Варшава започна Самитот „Заедно за Европа“

Од:

Почна Самитот „Заедно за Европа” кој се одржува во Варшава, а на кој учествуваат шефовите на држави или влади на земјите кои во ЕУ беа примени после 2004 година.

Повод за Самитот, инициран од полскиот премиер Матеуш Моравецки, е 15-тата годишнина од почетокот на големото проширување на Европската унија, јави БГНЕС.

Шефовите на држави или влади на Полска, Естонија, Кипар, Летонија, Литванија, Малта, Словачка, Словенија, Унгарија, Чешка, Бугарија, Романија и Хрватска разговараат за состојбата на ЕУ, безбедноста и предизвиците со кои се соочува Унијата.

Во фокусот на дискусиите е можноста за уште поинтензивна соработка меѓу земјите, со цел развој на Европската унија.

По средбата планирана е заедничко соопштение на лидерите од ЕУ.

Би можело да ве интересира

Мерц: Разговорите со Франција и Велика Британија за споделување нуклеарно оружје не како замена за заштитата на САД

Лавров: Зеленски стана нацист, а Европа сака борбите да продолжат

Трамп: Треба повеќе да се грижиме за мигрантите, да не завршиме како Европа

Европа има три недели да се договори за условите за капитулација на Украина

Орбан: Европа не е тоа што беше, иднината е во другите региони

„Билд“: Американските војници се повлекуваат од Европа