Во Варшава марш во знак на солидарност со мигрантите

Од:

Илјадници луѓе денеска маршираа во Варшава во знак на солидарност со мигрантите и барателите на азил.

Маршот се одржа под мотото „Стоп за мачењето на границата“. Демонстрантите ги обвинија полските власти за сурово однесување поради потиснувањето на мигрантите и воведувањето на вонредна состојба на границата, со што се спречени борците за заштита на човековите права да им помогнат на мигрантите.

На маршот беше истакнат транспарент „Колку тела лежат во шумата?“ алудирајќи на неколкуте смртни случаи во шумите и мочириштата во пограничната област.

Речиси два месеца голем број од Блиски Исток и од Африка се обидуваат илегално да влезат во Полска од Белорусија, а полските власти ги враќаат назад.

Полските власти ги обвинија Белорусија и Русија дека ја поттикнуваат миграцијата со цел да предизвикаат нестабилност во Европска Унија, нарекувајќи го хибридно војување.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Остатоци од ракетата на Маск паднаа на неколку места во Полска

Шпионска афера во Полска, оставка поднесе шефицата на полското Биро за борба против корупција

Русин е депортиран од БиХ, планирал саботажи против Полска, САД и други земји

Туск: ЕУ повеќе не смее да носи никакви одлуки кои би ги зголемиле цените на енергијата

Поради корупција приведен е екс портпаролот на полскиот претседателот Анджеј Дуда

А1он

Првиот авион со мигранти од САД слета во Гвантанамо