На граничниот премин Реске унгарската полиција уапси 39-годишен Србин со наркотици во вкупна вредност од 1,2 милиони евра.
Полицијата извршила темелна проверка на „Фиат“ со српски регистарски ознаки про што пронашла 112 килограми хашиш и 9,3 килограми марихуана.
Возачот бил испрашуван и уапсен, а против него ќе биде покрената кривична постапка за шверц на дрога.