Во основното училиште „Владислав Рибникар“ во Белград немало насилство од врсници врз малолетното момче кое уби 10 лица, соопшти српската влада.
„Оваа одлука е донесена откако во тоа училиште е извршен вонреден инспекциски надзор“, се вели во соопштението на Владата на Србија, Блиц.
„Потврдени се наодите на Центарот за социјална работа, Министерството за образование и Министерството за семејна благосостојба дека во ова училиште немало врсничко насилство во однос на малолетно момче кое е убиец. Затоа ги замолуваме сите медиуми овие информации да се третираат со должно внимание и да не се објавуваат непотврдени информации бидејќи со тоа се продолжува процесот на трауматизирање на децата и родителите“, соопштуваат оттаму.
Во претходните изјави кои учениците од тоа училиште ги дадоа за медиумите наведуваа дека момчето било мирно и повлечено, но и дека врз него имало насилство. Исто така, кога се случи трагедијата, соучениците рекоа дека поради задевањето го сменил одделението, но и дека бил повеќе повлечен отколку проблематичен.