Во Турција уапсени 21 припадник на ИД

Од:

Турската полиција денеска приведе 21 лице под сомнение дека се членови на џихадистичката група Исламска држава. Меѓу уапсените тројца се странци, јавија турските медиуми.

Апсењата се спроведени во рамките на полициските рации во повеќе турски градови, вклучително и Истанбул, како и провинцијата Санлиурфа во близина на сириската граница.

Приведените лица се сомничат дека и помагале на ИД во регрутирањето на членови од Европае.

Не е објавена националноста на уапсените странци, кои планирале да пребегнат во Сирија.

Во досега најголемата акцијата насочена кон ИД во Турција, запленето е оружје, муниција, документи на ИД, како и електротехничка опрема и воени униформи.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Турција уапси 234 лица во рамките на меѓународната операција против нарко-мафијата

Европол: Откриени четири главни мрежи за шверц на дрога во ЕУ и Турција

Турција започнува реставрација на куполата на Аја Софија

А1он

Разрешениот градоначалник на Истанбул: На суд сум затоа што победив на изборите

(ВИДЕО) Снежно невреме во Анкара

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Во сообраќајка загина Ѓулер Ердоган, која беше Мис на Балканот за 2022

Горан Наумовски