Во Тирана одржан протест под мотото „Стоп на молкот“

Од:

Во Тирана вечерва се одржа мирен протест по мотото „Стоп на молкот“ во знак на осуда на насилството врз жените и девојчињата, откако деновиве косовските медиуми објавија дека во Приштина е силувано 11-годишно девојче, од пет мажи, од кои тројца малолетни.

На плоштадот „Мајка Тереза“ се собраа стотици граѓани, главно жени и девојчиња, меѓу нив и познати имиња од областа на музиката и уметноста, како Фифи, Беатрикс Рамосај, Афрдита Дрешај, Моника Љубоња и Еви Речи, кои носеа маички со натпис „Кој има ќерка, го има светот“.

Присутните обвинија дека правдата не се задоволува, кога станува збор за овој вид насилство, посочувајќи примери во Албанија.

Колку од сторителите се казнети, го имаме случајот со Каваја, каде што насилниците беа ослободени од затвор. Го имаме случајот со Решен, за кој не знаеме што се случи со сторителите, рече активистката Џени Карај.

Со скандирањата „Јас викав нееее“ и транспаренти со истите зборови, како и „Сакам да излезам во парк без страв“ и други, тие мирно протестираа, барајќи насилниците да бидат максимално казнети и да има реакција од надлежните.

Пораките испратени од Тирана се во насока на поддршка на косовската организација за феминистичко дејствување, која организира протести во Приштина, како и до властите и институциите.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Поддршка за Александар Вучиќ во Скопје

Горан Наумовски

Протести против АфД во Германија, полицијата употреби солзавец против демонстрантите

Вработените од „Улици и патишта“ најавија целосна блокада на градот, доколку не земат плата

Протестираат вработени од „Улици и патишта“, бараат исплата на плата и К-15

(ВИДЕО) Инцидент во Земун, на протест нервозен возач ќе повредеше неколку граѓани

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Студенти ја окупираа зградата на Ректоратот во Нови Сад