Во страв вработените во грчкиот парламент масовно се пензионираат

Од:

Масовно  се пензионираат вработените во грчкиот парламент.

Тие, за време на демонстрациите пред парламентот и дебатата за пакетот мерки за штедење, ја прекинаа работата, во знак на револт за најавите за скусени плати.

Министерот за финансии објави дека ќе им бидат намалени платите на ниво на државните службеници, објави Та неа.

Премиерот Андонис Самарас се закани дека Владата ќе стави крај на „скандалозните привилегии“ на вработените во парламентот и дека платите треба да им бидат намалени како дел од економските мерки за штедење.

До пред неколку години екстра-приходите им биле 300 илјади евра, а од пред една година се намалени до 120 илјади. Тоа значи дека тие имале 3-4 пати повисоки екстра приходи од државните службеници.

Досега молби за напуштање поднеле 60 вработени меѓу кои има и стенографи. Тие брзаат да се пензионираат бидејќи стравуваат дека ќе загубат 60 отсто од екстра-приходите.

Би можело да ве интересира

Мицотакис ги моли граѓаните на Санторини да ги слушаат упатствата на Цивилната заштита

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Масовни демонстрации во Грција за железничката несреќа кај Темпи – инциденти на крајот од протестите

А1он

Полицајците го пуштиле да вози пијан и без дозвола – предизвика судир и загина млад човек

А1он

Стразбур: Грција прогласена за виновна за систематско одбивање на потенцијални баратели на азил

А1он

Силен земјотрес ја погоди Грција

Почина поранешниот премиер на Грција Костас Симитис