Илјадници босански муслимани оддадоа почит на 127 жртви од геноцидот во Сребреница во 1995 година, кои беа погребани денеска во одделни гробови.
На церемонијата не присуствуваа српски претставници, освен лидерот на Либерално-демокртската партија Чедомир Јовановиќ, јави Танјуг.
Официјалните претставници на Србија и Република Српска не го признаваат геноцидот во Сребреница, пренесува БТА. Преживеаните и семејствата на жртвите објавија дека присуството на српските претставници е непожелно бидејќи тие не признаваат дека во Сребреница е извршен геноцид.
Секоја година на 11 јуни во Меморијалниот центар Поточари, близу до Сребреница, се погребуваат нови индетификувани останки на жртвите од масакрот во Сребреница.
За геноцидот во Сребреница беа обвинети лидерите на босанските Срби, Радован Караџиќ и Ратко Младиќ.
Караџиќ беше осуден во март годинава на 40 години затвор, а судењето на Младиќ се уште не е завршено.