Во судар на автобус од Бугарија и камион со пиротски регистарски таблички, денеска во близина на Пирот повредени се 17 патници, од кои двајца се потешко повредени.
„До несреќата дојде околу 12.45 часот на магистралниот пат Пирот-Градина, а повредени се 17 патници од автобусот – 15 полесно, а две лица имаат потешки повредеи, соопштија за Танјуг од српското Министерство за внатрешни работи.
Автобусот одел кон Бугарија и налетал на камионот, кој бил паркиран крај патот.