Бројот на заболени од голема кашлица во Србија, односно пертусис, продолжил да расте во октомври, кога за еден месец оваа болест била дијагностицирана кај уште 18 лица, покажува најновиот извештај на Институтот за јавно здравје на Србија „Д-р Милан Јовановиќ Батут“.
Од оваа болест почина уште едно бебе на возраст до три месеци, а тоа е трето бебе кое почина годинава.
Како што се наведува во извештајот, од почетокот на 2024 година до 31 октомври пријавени се три смртни случаи предизвикани од пертусис кај невакцинирани деца до три месеци.
Во претходниот извештај, кој се однесуваше на периодот до 30 септември, беше наведено дека од почетокот на годинава биле пријавени два смртни случаи кај невакцинирани деца на иста возраст.
Во најновиот извештај на „Батут“ се наведува дека од почетокот на годинава до 31 октомври лекарите пријавиле 1.501 потврден случај на пертусис.
Кај најголем број пријавени случаи на пертусис дијагнозата е поставена во јануари, а од март до август е регистрирано намалување на бројот на заболени.
Во август, имено, имало 8 нови случаи на болеста, во септември голема кашлица е потврдена кај 14 лица, а во октомври на 18 лица.
Најголем број заболени се регистрирани кај возрасните групи на лица постари од 20 години, односно на возраст од 10 до 14 години.