Во Србија уапсени четворица шверцери на оружје за терористи во Европа

Од:

Српската полиција утрово уапси четири лица, кои се обиделе да прошверцуваат оружје и муниција во Унгарија.

Според информации на српската Безбедносна информативна агенција (БИА) оружјето било наменето за исламистички терористички групи во Европа.

Меѓу уапсените е и 31-годишен српски државјанин, кој минатата година беше приведен во Шведска под обвинение дека била главната врска за преродажба на оружје од Босна и Херцеговина на членовите на движењето Муслиманско братство во Шведска.

Меѓу уапсените еден е државјанин на БиХ, еден на Ирак и еден на Сирија. Тие имале фалсификувани бугарски пасоши.

Во автомобилот со кој патувале уапсените се пронајдени пет пиштоли, оптички нишан, шаржер за автоматска пушка со 30 куршуми, два шаржера за карабин, муниција за пиштол со различен калибар и две автоматски пушки.

Движењето Муслиманско братство се смета за најголем купувач на оружје на црниот пазар, а во терористичките напади во Европа често се користи оружје произведено на територијата на поранешна Југославија.

Би можело да ве интересира

Земјотрес погоди два града во Србија

Потпишан Меморандум за соработка во полето на гасниот сектор со Србија

Ќе биде сместен во стаклена, затемнета “кутија“, вака ќе изгледа сведочењето на момчето убиец

(ВИДЕО) Тешка сообраќајна несреќа во Србија: загина тинејџер, 36 повредени

Катерина Ѓуровски

Боцан-Харченко: Русија ќе ја заштити Србија и Република Српска

ВИДЕО: Снимка од детонацијата, уништена гранатата пронајдена во центарот на Белград