Во Србија уапсен двојниот убиец од Црна Гора: „Фатен е на спиење“

Од:

Министерот за внатрешни работи на Србија, Ивица Дачиќ, изјави дека припадниците на специјалната антитерористичка единица, во соработка со сите други полициски сили, го уапсиле Алија Балијагиќ во селото Прибојска Голеша околу 03:05 часот утрото.

„Тој беше пронајден во куќа каде што имавме информации дека повремено доаѓа. Го фатија на спиење, не даваше отпор“, изјави Дачиќ.

Тој додаде дека Балијагиќ имал две пушки.

Лицето е донесено во полициската управа во Пријепоље“, рече Дачиќ.

Полицијата трагаше по Балијагиќ од октомври откако уби две лица во селото Соколац. Балијагиќ наводно ги убил братот и сестра си откако ручал во нивната куќа.

Балијагиќ веќе им е познат на судските органи поради бројни кривични дела. Најтешкото кривично дело во неговото досие е силувањето на старица, за што во 2015 година беше осуден на седум години затвор.

Иако тврдеше дека злосторството е наместено, се стекна со репутација на исклучително опасен криминалец.

Меѓу неговите претходни злосторства се кражби, грабежи и напади, најчесто насочени кон постари лица во Црна Гора и Србија. Благодарение на неговото знаење за непристапниот терен, тој често успевал да избегне апсење, а во нападите користел огнено оружје.

Едно од најтешките обвинувања поврзано со Балијагиќ е убиството на 17-годишната Александра П. во Прибој. Иако тој никогаш официјално не бил осомничен поради недостиг на докази, сведочењето на една жена која тврдела дека го видела облеан во крв таа вечер предизвика сомнеж.

Сепак, нејзиното сведочење подоцна беше доведено во прашање поради проценка на нејзината ментална стабилност.

Би можело да ве интересира

11 уапсени за трагедијата во Нови Сад, приведен и Горан Весиќ пишуваат српските медиуми

(ВИДЕО) Во Србија снегот направи големи проблеми: „Прст пред око не се гледа“

(ВИДЕО) Опозицијата го блокираше судот во Нови Сад: кошкање и туркање со полицијата

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Плафон падна врз гости во дискотека во Србија, има повредени

Двајца бугарски државјани уапсени во Црна Гора за обид за убиство

Горан Наумовски

Почина српскиот бизнисмен Миодраг Костиќ