Во Србија се приведени Мирослав Мишковиќ, неговиот син Марко како и уште девет лица кои се сомничат за махинации при приватизацијата на претпријатија за патишта и одреден им е 48 – часовен притвор.
Работната група на Управата на криминалистичката полиција, според РТС, ги привела Мирослав Мишковиќ сопственик на „Делта холдинг“, неговиот син Марко сопственик на „Mera invensment fund“ и Мило Гурашковиќ сопственик на „Нибенс група“, „Шер корпорација“ и ПТП – Ниш.
Акцијата е спроведена бидејќи обвинителот оценил дека постојат елементи за кривично дело во случајот „Нибенс група“.
Сите приведени се сомничат за злоупотреба во постапките при приватизацијата на компанијата за патишта и дека со злоупотреба на службената положба извлекувале финансиски средства и имоти од приватизираните фирми и незаконски собрале имотна корист на сума поголема од 30 милиони евра.