Во Србија денеска повторно се гласа на 93 избирачки места

Од:

Во Србија денеска граѓаните од 7 до 20 часот повторно гласаат на вкупно 93 избирачки места на претседателските, парламентарните и изборите за Собрание на Град Белград, јави дописникот на МИА од Белград.

Републичката изборна комисија (РИК) донесе одлуки за повторување на изборите одржани на 3 април на оние избирачки места каде гласањето е поништено со одлука на надлежните локални изборни комисии.

Денеска се повторува гласањето во 54 места за парламентарни и на 35 места за претседателските избори. Испечатени се 32.181 гласачки ливчиња за прегласување на парламентарните избори, додека 28.687 граѓани повторно ќе можат да го поддржат својот претседателски кандидат.

Кога се во прашање изборите за Собрание на Град Белград, изборите ќе се повторат на вкупно шест избирачки места. Во Белград денес гласањето се повторува на четири избирачки места, и на две на 21 април. Вкупниот број на гласачи на четирите избирачки места е 5.803.

Имајќи го предвид вкупниот број гласачи кои ќе можат да излезат на гласање, теоретски има шанси листата „Ајде луѓе“ на поранешниот претседател Борис Тадиќ да го помине изборниот цензус од 3 отсто, што во случај да помине, вкупно три места помалку ќе добијат листите со досега освоени најмногу гласови, а тоа се две места помалку на Српската напредна странка (СНС) и едно на опозициската Обединети за Белград.

Ова може да влијае на партиските комбинаторики околу изборот на новата градска власт во Белград, можната коалиција меѓу СНС и социјалистите на Дачиќ, со влијание на нивното коалицирање во парламентот или на можноста опозицијата да ја освои градската власт.

Од друга страна, повтореното гласање на парламентарните и претседателски избори нема да има влијае на конечните резултатите, особено не на повторениот избор на Александар Вучиќ за претседател на Србија.

Претседателските, парламентарните и локалните избори во Србија се одржаа на 3 април.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Белградските и локалните избори во Србија ќе се одржат на 2 јуни

ВИДЕО: Во Белград ќе има нови избори

Катерина Ѓуровски

Со свирежи и транспаренти конституирано српското Собрание, опозиционерите дадоа заклетва во холот

(ВИДЕО) Голем протест во Белград: Црвен картон за власта и барање да се повторат изборите

Прегласување на 35 избирачки места во Србија, бојкот на коалицијата „Србија против насилството“

Захарова: Западот се обидува да ја дестабилизира Србија